Последните куќи во населбата “Ушици“ кои се наоѓаат на улиците “Панде Кајзеро“ и “7-ми Јули“ се куќите со најповолна местоположба. Тие во текот на целиот ден се “капат“ во сонце, а поради висината на која се наоѓаат кај нив “последно заоѓа сонцето“, а зад нив на само неколку метри е бороовата шума.
Дел од сопствениците кога разговаравме за оваа местоположба се гордеат со констатацијата дека со местоположбата заличуваат на Швајцарија, со сонцето и шумата и ридот, но не останаа да не прокоментираат:
-За да бидеме мако Швајцарија ни недостасува уште да се подобри стандардот, но смеата на страна, имаме одлично место за живеење, зад нас е ридот по кој си прошетуваме, имаме добра поглед, но и одлично се сложуваме со комшиите, вели Сашо Спасевски.