Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Никола Ивановски, еден од основачите на музејот

Заводот и музеј од Битола денес соопшти дека по кратко боледување почина Никола Ивановски, музејски работник во пензија.

Никола Ивановски е еден од основачите на Националната установа Завод и музеј Битола,  а  на чие чело беше од 1980 год. до 1999 година. Покрај раководвото место Ивановски беше и носител на многу активности кои продонесоа за развој на Заводот и Музеј од Битола.

Ивановски помладите колеги го почитуваа како човек кој им пренесол многу музејки работи и бил пример за нивната работа.

Никола Ивановски по пензионирањето беше активен во Сојузот на борци од Битола, каде исто така имаше придонес во работата на Сојузот.

Опелото и погребот се извршија денес на 19 февруари во Светоделските гробишта.