Press "Enter" to skip to content

Мото-кросистите се договорија: годинава три мото-трки на патеките кај Братиндол и Смолево

За разлика од лани кога битолчани немаа прилика да гледаат мото-крос трки, оваа година во Битола, ќе се одржат три мото трки, е договорено на работниот состанок на мотокросистите од Битола.

На состанокот учествуваа возачите од Ноќни волци, Булевар и Хамачи. Борче Костов кој е највозрасен и  најискусен во мото-трките од битолските возачи за состанокот и договорот да се организираат мото-трки во Битола ни рече:

-Битола е град каде на мото-трките доаѓа најголем број на гледачи, на двете мото-крос патеки кај Братиндил и Смолево. Мора да се каже дека иако сме во различни клубови најголем број од мото-кросистите сме од Битола и слободно ќе речам дека битолчани се најзаслужни и за тоа што се одржуваа клубовите и натпреварите, а има повеќе клубови од Битола. Заедно со Павел Ивановски, Петар Дамјановски, Борис Костов и Борис Мојсов оваа година да организираме три трки во Битола, во што се надевам дека ќе успееме. 

Сега им преостанува уште да ги усогласат термините на одржување на трките со трките во Источно европскиот шампионат и да ги започнат организациските работи.

-Поради дождовите и снеговите и тоа што две години не се обновени двете патеки потребно ни е да се подготват со градежни машини, за што веќе се договоривме, вели Костобв, кој додава дека сите битолски возачи започнаа со подготовки за оваа сезона, а оваа вест дека во Битола ќе има три трки посебно ќе ги израдува.

С.Р.