- Сојузот на спортови на Битола и оваа година ќе ги прогласи најдобри спортисти и спортски екипи на Битола, а изборот ќе се одржи на 27 февруари, во 19 часот, во ресторанот “Белакуќа“.
Комисијата за избор на спортист на Битола за 2018 година која работи во Сојузот за спортови на Битола ги разгледа пријавените спортисти и клубови и констатира дека се пријавени 120 спортисти и петнаест клубови.
Изборот за најдобрите ќе го направи Уравниор одбор на Сојузот на спортови деновиве, согласно критериумите на Сојузот, врз основа на предлозите на членките на Сојузот.
Претходно беше испратено известувањето до клубовите да достават предлозите во писмена форма.
Сојузот на спортови на Битола ќе избира:
-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција
-10 најдобри млади спортисти
-3 најуспешни екипи во сениорска конкуренција
-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција
-најуспешен спортист по предлог на ССРИ – Битола
-двајца професори по физичко воспитување по предлог на Сојузот за училишен спорт на Битола
-други спортски работници.
На изборот на спортист ќе бидат доделени и наградите на најдобите училишни спортски екипи на ноќната атлетска трка во 2018 година, која ја организира Сојузот на спортови на Битола.