Екипата на Еурофарм Работник на следниот меѓународен натпревар против екипата на Нексе од Хрватска, најверојатно ќе ја води Стевче Алушевски, како нов тренер, по раскинот на дововорот на Ѓорѓе Чирковиќ по поразот од Татабања.
Дека Алушевки ќе го преземе клубот на Еурофарм Работник, не е официјализирано од страна на клубот, а се зборува дека негов помошник ќе биде Александар Јовиќ.
Алушевски е битолчанец кој кариерата за започна во Пелистер, а овој клуб беше негова последна тренерска работа. По заминувњето од Пелистер работи во својот клуб РА Алушевски.
Алушевски е македонски репрезентатиец со најповеќе настапи во дресот на репрезентацијата и ракометар со најмногу трофеи.