Седницата која започна во вторникот на Советот на Општината Битола,29.по ред за овој советнички состав продолжува денес.
Во вторникот беа разгледани и изгласани само две точки од дневниот ред од вкупно 13 кои беа предложени од претседателот на Советот, Валентин Груевски.
Беа изласани оперативните планови за контрола и уништување на комарците и оперативен план и програма за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализациониот систем, јавна депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта на Општина Битола во 2019 година.
Денес ќе се расправа по останатите точки од дневниот ред, меѓу кои и линискиот превоз.
-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Битола.
-Правилник за измена и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола.
-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за субвенционирање на линии од општинскиот линиски превоз на патници во Општина Битола за 2019 г.
-Одлука за давање на користење и управување објект со намена Е24-полигон сопственост на Општина Битола на КЈП “Нискоградба“.
-Одлука за покривање на трошоците за згрижување на децата од самохрани родители кои го остваруваат правото на ослободување од партиципација во јавните установи за деца на подрачјето на Општина Битола.
-Информација за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност-Битола во текот на второто полугодие од 2018 година.
-Решение за давање согласност на Дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2019 година во КЈП „Нискоградба“ Битола.
-Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Извештајот на комисиите за попис на основните средства на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола за 2018 г., констатиран и предложен за расход.
-Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на ОУ „Елпида Караманди“ Битола.
-Одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширувањето на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Олевени во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 35/2 КО Олевени),
-Одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширувањето на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Раштани во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 338/21 КО Раштани).