Press "Enter" to skip to content

На третата форумска сесија одредени трите предлог регионални концепти (фото)

Денес во хотел “Милениум“ се одржа третиот форум од серијата регионални форуми кои се реализираат во рамките на проектот ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC).На истиот од страна на присутните учесници се изгласаа и рангираа три предлог концепти за приоритетни регионални проекти и тоа:

-парк за социјална инклузија,

-регионално осветлување и

-реконструкција и модернизација на НУ Завод и музеј Битола.Согласно правилата, предлог концептите ќе бидат испратени до донаторот кој што ќе ја изврши нивната финална евалуација и селекција и од трите доставени предлози ќе избере еден регионален проект кој ќе се имплементира во Пелагонискиот регион.