Press "Enter" to skip to content

Денот на ретки болести ќе се одбележи со филм и дискусија

По повод Денот на ретки болести, здружение на граѓани за ретки болести “ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“ од Битола,  со поддршка на “ХЕПАР ЦЕНТАР“ Битола, ќе се одржи
проекција на филмот „Лицата на Лафора“, а потоа и дискусија и разговор на таа тема.

Проекцијата на филмот ќе се одржи на денес, четврток,  со почеток во 18 часот, во малата сала, Центар за култура, а на настанот ќе присуствува и режисерот на филмот, Денис Бојич, со кој ќе има и можност за разговор и дискусија.