Press "Enter" to skip to content

Земјоделското училиште решава уште еден децениски проблем (фото)

По поправка на покривот на училиштето и замената на комплетнара дограма Земјоделското училиште го решава и третиот голем проблем, канализацијата.

Поплавените визби и проблемите кои ги имаа вработените во средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“, по секој поголем дожд и топење на снег се минато, бидејќи деновиве за работи на промена на канализација која повеќе од една деценија не беше во функција.-Имавме три големи проблеми кои сеге се веќе решени. Поправен е покривот на училиштето од каде течеше вода во училниците по секој дожд, промената е стогодишната дограма во школото, а еве се решава и канализацијата. По секој пообилен дожд визбите беа полни со вода кога достигнуваше редовно 30-40 сантиметри, а некогаш и половина метар. По обиколката на градоначалничката на училиштето, да води до кај е поставувањето на дограмата и ги каќавме и овој проблем, кој веќе е решен, вели директорот, Благојче Кривевски.Работите околу поставувањето на канализацијата со компетно нови цевки ги изведува КЈП “Нискоградба“.

-“Нискоградба“ по налог на Градоначалничката веднаш се зафати за решевање на проблемот и мислам дека сега можеме полесно да дишеме во улилиштето. Големите проблеми се зад нас и се надевам дека полека ќе работиме на модернизирање на просторот, бидејќи се ќе беше бадијала, доаѓаше вода од покривот, ја имаше во визбите… додава Кривевски.

More from БитолаMore posts in Битола »