Press "Enter" to skip to content

Музејот “Математикум“ од Гисен, Германија со изложба во библиотеката

Изложбата  „Математика за мали“ изработена од музејот „Математикум“ од Гисен, Германија, ќе биде отворена во понеделник на 25 февруари во НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола.

-Изложбата е поддржана од Еразмус програмата преку која Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ заедно со Центарот за доживотно учење од Скопје и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ако и партнерите од Германија, Шпанија и Италија овозможија нашите дечиња да искусат поинаков начин на учење и развивање на логиката преку истражување и игра со експонатите кои од Германија ги донесовме во Македонија како дел од нашиот проект, вели Фатма Бајрам Аземовска, претседател на „Сумнал“,  здружението за развој на Ромската заедница.

На изложбата ќе бидат изложени 15 игровни станици од музејот „Математикум“ од Гисен, Германија преку кои деца од четири до осум години ќе можат да учат математика и да ја развивааат логиката истражувајќи.