На Правниот факултет во Битола, се одржа предавање на тема: “Between Re-foundation and stagnation: the European Union in 2019” од страна на Франсоа Лафонд, советник на Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кое предизвика голем интерес кај студентите .Темата беше „Повторното создавање или ресоздавање на Европа“, односно каква ќе биде ЕУ во 2019 година, а предавачот Франсоа Лафонд нагласи:
-Оваа година е значајна затоа што во мај 2019 година следуваат европските избори, а исто така е значајна и од аспект што во јуни е одлука за добивање на датум за почнување на преговорите со вашата држава.
Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ, за овој начин на запознавање на студентите за актуелни теми рече:-Ваквите предавња освен што имаат големо значење за факултетите кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет, се од големо значење и за градот Битола ако се земе во предвид дека во Битола постои критична маса за размислување и промислување на сите оние процеси кои имаат регионален, национален и глобален карактер.