По иницијатива на хуманитарната организација “Хенд тил хенд“ предводени од големите хуманитарци Марија и Томас Русенгрен од Шведска денес се оствари средба со директорот на клиничката болница “Д-р Зоран Лазаров и ден од неговиот менаџерски тим на која се разговараше за реализација на проектот “Со хуманирарна рака до чиста енергија“.
Во делегацијата од Шведста покрај Марија и Томас Русенгрен беше и експертска група од кралскиот институт од Стокхолм во Шведска предводена од Нелсон Сомерфелд.Оваа експертска група направи и скрининг на објектите на ЈЗУ Клиничка Болница Битола, со цел реализација на проектот модерни еколошки решенија за снабдување со енергија во Болницата.
Ова не е прв проект кој се рализира во соработка помеѓу Клиничката болница и хуманитарната организација “Хенд тил хенд“, но секако ќе биде еден од позначајните, а Марија и Томас Русенгрен искажаа голема благодарноста кон д-р Зоран Лазаров за убавиот прием и начинот на кој ќе го реализираат овој проект, како и за досегашната соработка.