Петок попладне е како создаден за afterwork опуштена атмосфера со совети за нега во салонот на “Уна Нова“. Во салонот многу припаднички на поубавиот пол кои во опуштена атмосфера после напорниот ден и недела, со кафе, можеа да добијат совети за нега на своето лице и тело.Тимот на “Уна Нова“ го искористи овој ден за презентација на третмани на нега на сензитивна кожа, детокс третмани и ботокс третмани потооа :
-детокс третмани на лице и тело после студените зимски денови и загадување.
-топли лифтинг третмани за лице и тело во ладните денови.
-домашна и салонска нега на кожа на лице и тело
-совети за лична нега и подарок третман за присутните.-Повторно е со нас козметологот, Катица Китанова, бренд-менаџер на “Janssen cosmetics“ со која со своите совети за нега, бесплатни мини третман за брз блескав изглед. Таа ги испочитува сите присутни кои поставуваа прашања за нега на кожата после зимскиот период и какви препарати да користат за својот тип на кожа. Исто така тие се запознаа со квалитетните препарати од брендот на “Janssen cosmetics“. Катица најпрво разговара со клиентка за тоа како го негува лицето и потоа под лупа го анализира лицето и секој добива бесплатен мини третман за блескав изглед. Потоа им дава насока со какви третмани треба клиентот да продолжи понатаму со нашиот тим. Таа е тука со инструкции на тимот за понатамошно третирање на кожата за да се добијат вистински резултати, ни кажа за презентацијата, Анкица Стевановска, менаџер во “Уна Нова“.
-Сега е право време да се започне со поинтензивна нега и длабока хидратизација на лицето после зимските услови. Студено време, загадувањето во овој период и сувост на лицето заради престој во топли простории. Потоа нездравиот начин на живот нездрава храна, пушење, алкохол, стрес, нервоза, легнување во доцните часови се одразува на нашето лице и тело. Заради тоа препарати на “Janssen Cosmetics“ беа дел од нашата презентација во “Уна нова“ кои ќе ја нарпават посвежа и повитална кожата за кратко време. Ефектите од овие мини третмани кои ги направивме на клиентките се видливи веднаш, блескава кожа, свеж изглед, ни рече Катица Китанова, која со многу позитивна енергија даваше корисни совети на заинтересираните.
Препаратите и витаминските третмани се силни антиоксиданти за нашата кожа и како магнет за сите штетни материии кои се таложат под кожата. Ефектите од овие третмани се видливи веднаш.
Припадничките на убавиот пол после треманите задоволни од блескавиот тен заклучија дека ова петочно попладне беше вистински afterwork опуштање со љубезниот тим на “Уна Нова“.