Со оглед на тоа дека в среда Сојузот на спортови на Битола ќе го прогласи спортистот на Битола за 2018 година, ги потсетуваме битолчани кој беше спортист на Битола, пред десет години.
-Спортист на Битола за 2008 година беше боди-билдерот Пеце Котевски, благодарение на успесите кои ги постигна таа година на меѓународните натпревари. Мислам дека Котевски беше шампион во категоријата во боди-билдингот каде не беа дозволени хемиски средства. Котевски беше неколку години спортист на Битола, се сеќава, доајенот на битолското спортско новинарство, Димче Миновски.
Инаку, Пеце Котевски, битолчани го знаат и по учеството во реалното шоу “Сурвајвер“ кое се случуваше на Филипини. Котевски работеше како полициски службеник, а последните години живее и работи во Австралија. Деновиве е тука во Битола.Претседател на Сојузот на спортови на Битола, во 2008 година беше Силјан Мицевски, а изборот, според фотографиите беше извршен во хотел “Епинал“.
Се надеваме дека на фотографиите од 2008 година, каде се надежите на битолскиот спорт и други спортски работници, ќе препознаете некој кој се уште е во натпреварувачка форма.
С.Ристевски