Со свечен концерт на хорот на СЗ ”Триглав” од Битола, кој се одржа во ОМУ “Методи Патче“ е одбележан словенечкиот културен празник “Прешернов ден“ во Охрид.Хорот “Триглав“ концертот го одржа под уметничко раководство на проф. Марина Коруновска и во пијано придружба на м-р Александра Јанковска.
На концертот се обрати и амбасадорот на Репубика Словенија, Н.Е. Милан Јазбец, како и претседателката на СЗ “Триглав” Тања Франц.
Хорот е формиран во 2010 година и покрај редовните настапи во државава и во Словенија настапувал и во Србија, а посебно забележителен е концертот во Виена минатата година.
Оваа година се подготвуваат за два концерти во Хрватска и Словенија, а сите настапи се остварени со поддршка на канцеларијата на Владата на Словенија за Словенците во соседството и по светот.

Битолскиот хор “Триглав“ настапи на “Прешернов ден“ во Охрид (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Битола (фото)
- “Музеите кои значат – Постојани музејски поставки и работа со посетители“ работилница во Завод и Музеј – Битола
- Во МНД Битола промовирана новата книга на проф. д-р Александар Литовски (фото)
- Излезе од печат 13. број на “Современи дијалози“ на МНД Битола