Press "Enter" to skip to content

Изложбата “Математика за мали“ отворена во Градската библиотека (фото)

Иновативната изложба “Математика за мали“ денес е е отворена во НУУБ „Св. Климент Охридски“ на која е претставено поинаков пристап кон математиката, преку игра и логичко истражување и е наменета за дена од 4 до 8 годишна возраст.

На отворањето, покрај раководството на библиотеката присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Бојан Стефановски ја поздрави ваквата иновативна музејска патувачка поставка, која нуди нова димензија на осознавањето на математиката, додека пак, претседателот на Советот Валентин Груевски им порача на децата да ја сакаат математиката.

Преку 15 различни игровни станици од музејот “Математикум“ од Гисен, Германија, децата можат да истражуваат и учат, со непосредни контакти со предметите, преку кои изнаоѓаат логички решенија за математичките предизвици.Оваа изложба ќе им овозможи учество на учениците од сите основни училишта и градинки во Општина Битола, а исто така, со цел да биде опфатена поголема популација, во двете наредни саботи ќе има отворен ден, на кој ќе можат сите деца со своите родители да дојдат и да го искусат новото математичко искуство.

Изложбата е поддржана од Еразмус програмата, а нејзиното поставување во битолската библиотека е реализирано преку Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, заедно со Центарот за доживотно учење од Скопје.

More from БитолаMore posts in Битола »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *