Press "Enter" to skip to content

Интервју: Kатица Најков-козметолог, бренд-менаџер и ексклузивен увозник на германскиот бренд “Janssen Cosmetics“ очите се огледало на душата, а кожата  огледало на нашата нега 

Пишува: Жанета Ристевски

Таа има  25 годишно искуство во козметика. Успешно работи како козметолог, менаџер на салон , едукатор по теорија и пракса и  единствен  ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРЕНЕР ЗА CIBTAC (Confederation of International Beauty therapy and cosmatology ) англиска  програма.Која   претставува водечка светска конфедерација за нeга на убавина и козметологија. Нејзината љубов кон работата,професионалноста и желбата тоа да го пренесе искрено и со позитивна енергија, се чувствува така да нејзините ученици и соработници високо ја  почитуваат. Со своите драгоцени совети таа е гуру во советување за нега и убавина.

Доаѓа како гостин  козметолог на  презентации под име “Отворени денови за убавина“ во салонот “Уна Нова“ во Битола, каде  и ги направивме фотографиите и разговорот. Со својот изглед  потполно се  вклопува во овој свет на нега и убавина каде е и успешна.  Висока, убава, беспрекорно негувана… како моделите од рекламните постери во козметичките салони. Позитивна, насмеана, харизматична и омилена меѓу женскиот свет кои доаѓаат на нејзините презентации. Таа  е природна, неосредна и давањето совети на клиентките  го прави на посебен начин. Со многу внимание и грижа.  Нејзините третмани за брз и блескав изглед на кожа со препаратите кои ги користи се “магични“ и секоја жена после нив задоволна.-Знам по себе дека ние жените сме многу осетливи кога станува збор за изгледот било тоа да е  тен на лице, тежина, целулит и други недостатоци кои би сакале да ги третираме. Иако  сме свесни за нив, често не сакаме  да слушнеме од друг да ни ги каже “в лице “ што би се рекло. Се знае дека сме по малку суетни во тој поглед“ низ насмевка го започнува разговорот и продолжува   Тоа се   недостатоци кои треба да бидат третирани на пример: акни, дамки, брчки, црвенила, целулит…. Заради тоа јас на секој клиент му приоѓам на позитивен начин. Започнувам со неформален разговор за тоа како ја негува кожата, што би сакал да третира или промени… Сакам моите совети да бидат позитивни не би сакала да ги сфатат како “навреда“…  Советувам  да сфатат дека со правилна нега, стрпливост, но со  истрајност се постигнуваат резулатати. Многу често мора да сум и психолог   во таа комуникација клиент- козметичар. Да сфатат  дека  важна е внатрешна равнотежа и позитивни мисли за да бидеме убави и од надвор. Со негативни мисли и енергија ниеден козметички третман или крема не може да не направи убави. Но, грижата и  нега на кожата мора да е постојано и редовно, само така ќе има и резултати. Понекогаш потребно е да се промени цел животен ритам. Мора да признаеме дека во ова време  убавиот и негуван изглед е значаен дури и императив.  Заради тоа  се залагам за позитивна енергија и релаксираност  на моите презентации.   Со таквиот позитивен пристап  таа со своите драгоцени совети стана популарна меѓу Битолчанки кои со нетрпение ја очекуваат во салонот на Уна Нова.

Кажи ни за твојата соработка со салонот  “Уна Нова“ и отворените денови за убавина?-Нашата соработка започна со обуката на CIBTAC  програма (Confederation of International Beauty therapy and cosmatology )  каде  бев нивен тренер и едукатор. Со таа обука  стручниот тим од “Уна Нова“  е прв обучен тим во Македонија по CIBTAC.  Оваа обука успешно ја помина целиот тим на “Уна Нова“ во Битола со што овој салон доби персонал кој  е висококвалитетен и едуциран. Како нивен едукатор јас постојано сум во контакт со нивниот стручен тим и ја следам нивната работа и напредување во оваа програма. Тука спаѓаат  стручни совети  од козметологија како  консултации и набавка на  козметички преперати од линијата на брендот “Jannsen Cosmetics“. Со моето доаѓање се среќавав со многу клиентки кои ми бараа совети за салонска и куќна нега, и секако  кои преперати од брендот на “Jannsen“ да ги користат.   Заедно со сопственичката Татјана Балјарова се одлучивме да  организираме интересен   настан “Отворен ден за убавина“ и “Afterwork relax“ – петок попладне по завршување на работната недела за жени кои сакаат да се опуштат во пријатната атмосфера на салонот “Уна Нова“ со разговори и прашања на теми за нега и убавина.  Тука  клиентките се дружат меѓусебе, а и со тимот на “Уна Нова“. Исто така покрај совети добиваат  бесплатен мини третман, мостри или можат да набават  крем, препарат прилагопден спрема кожата. Секако тука е Анкица Стевановска, менаџер во салонот на  “Уна Нова“ која со своите интересни идеи ги прави овие настани единствени. Се одлучивме настаните да ги организираме еднаш во месец или на два месеци ако не можам да дојдам заради моите професионални обврски. Овие настани  станаа многу популарни за клиентките во салонот, но и за други кои доаѓајќи на овие презентации станаа клиентки. Заради тоа јас доаѓам на нивна покана и  им стојам на располагање за секаков вид совети, консултации.  Овде би додала дека во презентациите кои се и еден вид едукација, ми помага  и мојата друга професија од област на педагогија.

Педагог или козметологог но секако усшешен едукатор. Кажете ни која е ваша прва љубов?-Интересот за  козметиката го пројавив   уште во средношколските денови за после матурирање да започнам  со обуки во оваа област  и започнав да работам  како козметичар во салон. Паралелно  студирав педагогија и дипломирав. Секако со повразување на овие две професии, едукација со козметиката прерасна  во успешно пренесување на знаења од област на козметологија. Секако  јас сум  и козметичар но и едукатор, обучувач и ментор на многу ученици. Да истакнам  дека  и успехот доаѓа кога работата  се работи од срце… Голем број  обуки, семинари, саеми кај нас и  во странство од многу млада со што  дополнително го  надградуваат познавањето и искуството во областа на козметиката и естетиката. Сето тоа ми помага да ги следам светските современи текови во козметологијата. Последните 7 години работам како бренд-менаџер за неколку козметички брендови. А последните 3 години јас сум бренд менаџер за “Janssen Cosmetics“ , кој денес е дел од скоро секој модерен и организиран салон за убавина. “Janssen Cosmetics“ е еден од најдобрите Германски козметички брендови и со својата палета на производи нуди комплетна нега за различни типови на кожа, како во салоните за убавина така и во   домашна употреба. Од скоро  станав и овластен дистрибутер за “К1МЕД“, Корејска компанија која произведува современи и ефикасни апарати за салонска употреба и кои со своите функции ги исполнуваат сите потреби на современата жена и се последниот збор на технологијата во козметологија.

Вие сте  единствен  ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРЕНЕР ЗА CIBTAC  (Confederation of International beauty therapissts and cosmeticians) англиска  програма.  Каже те ни нешто повеќе за оваа програма?-Таа претставува  водечка светска конфедерација за нега на убавина и козметологија. CIBTAC обуката комплетно ги подготвува кандидатите за салонска работа, со запознавање на функциите и карактеристиките на кожата, преку одбирање на соодветни третмани со  производи и комбинација со апарати  за различни  типови  на кожа на лице и тело. Професионални курсеви се наменети за професионалци кои сакаат да го зголемат своето знаење и да стекна образованиие по највисоки стандарди.Всушност овозможува стекнување на квалификации кои се признаени  во 85 земји од  светот и претставуваат пасош за светска кариера… Употреба на препарати кои се последен збор на науката и технологијата за нега на кожа. Исто така и да остварите успешна работа и да ја зголемите продажбата во вашиот салон и вашите клиенти да си заминат задоволни и повторно да се вратат.

На прашањето за нејзините идни планови мојата соговорничка  кажа дека  уште многу многу планови  и се вртат во  глава и се надева на нивна  реализација. Нејзината љубов кон работата,професионалноста и желбата тоа да го пренесе искрено и со позитивна енергија ja чувствуваат нејзините ученици и соработници.  Нејзините обуки и презентации се многу посетувани и таа ужива голема почит.  Со таквиот посебен  пристап во козметологијата, таа со своите драгоцени совети стана популарна меѓу битолчанки, кои со нетрпение ја очекуваат во салонот на “Уна Нова“ и секакао со своите магични раце, да им направи третман и блескав тен во салонот на “Уна Нова“.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »