Press "Enter" to skip to content

Тинејџери: Бобан Бошевски-познат и омилен “јутубер“, најомилени видеа ми се каде шетам

Пишува: Марија Сирвини

Бобан Бошевски е  еден од најпознатите и најомилените “јутубери“ меѓу младите основци и средношколци во Битола и пошироко, кој има над 30.000 претплатници кои верно го следат. Тој пленува со својот шарм и својата искреност, а на почетокот на нашиот разговор го запрашавме која беше причината да започне со снимање и како дојде до таа идеја да поставуваш видеа на “youtube“?

-Пред околу 3 години меѓу децата започна нов тренд на гледаење “јутубери“. Јас бев дел од тие деца и бев привлечен од таквите настани. Добив желба и јас истото да го работам без некоја идеа дека ќе се експонирам или дека од тоа ќе заработувам.Кои се твоите омилени видеа за снимање, а кои се најгледани?

-Најомилени видеа за снимање ми се видеата каде што шетам односно влоговите. Листата на популарни видеа ми е многу „шарена“ со различни содржини (влогови, тестирање храна, предизвици…).

Што правиш во слободно време и што најмногу те исполнува покрај “youtube“?

-Слободно време имам многу малку и тоа сакам да го поминам со моите најдобри пријатели/ки. Покрај јутуб-от најмногу ме исполнува јутуб-от.

Дали мислиш дека си препознатлив со долга коса, или пак во иднина планираш да ја скратиш косата и смениш фризурата?

-Косата не планирам да ја скратам во блиска иднина, а секако дека сум препознатлив по долгата коса. Планирам да го менувам изгледот на косата.Со оглед на тоа дека си сега во средно образование, каква е промената од 9 одделени во 1-ва година средно?

-Се соочувам со нови предизвици. Сепак го работам тоа што го сакам.           

Што мислиш за насилството во училиштата, твојата песна акцентот го стави токму на насилството  во која насока се движат младите?

-Насилството не е само со физички контакти и не се случива само меѓу децата. Вербалното насилство е многу присутно во основните училишта од страна на поединци од наставниот кадар. Луѓето што се вработени како наставници во основните училишта треба да се пред се педагози.

Кои се твоите планови за во иднина и каде се гледаш по 10 години?

-Сакам да го развивам својот јутуб канал, имам многу идеи кои треба да се реализираат…

More from КултураMore posts in Култура »