Press "Enter" to skip to content

КЈП “Нискоградба“ го санира канализациониот систем во “Мал Париз“ (фото)

По оштетувањето на канализационата мрежа и по барањето на жителите од населбата Мал Париз кои се соочуваат со проблем во канализациониот систем, деновиве екипи на КЈП „Нискоградба“ работат на санација на дел од овој потег во градот. 

Во должина од околу 100-тина метри, на терен се отстрануваат дотраените цевки од канализационата мрежа, кои не се променети околу 40-тина години и се поставуваат нови.Вредноста на оваа инвестиција е околу 330.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Битола. 

Со подобрувањето на временските услови, кои овозможуваат работа на терен, екипите на КЈП „Нискоградба“ работат на повеќе места низ градот и околните населени места, на кои се менува или санира постоечката канализациона мрежа.

More from ВестиMore posts in Вести »