Press "Enter" to skip to content

ОУ “Св. Кирил и Методиј“ ги награди најдобрите ученици-спортисти (фотогалерија)

-Наградени  29 ученици, спортски таленти од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ за постигнати спортски резултати во училишниот спорт и спортски активности во битолските спортски клубови.

-Наградите ги обезбедија спонзорите “Hardcore shop“ и “Runners“.Спортски настан со презентации на тема “Спорт и здрав начин на живот“ беа одржани во ОУ „Св Кирил и Методиј“ во рамки на професионалната заедница за учење – на надарени и талентирани ученици.  Наградени беа 29 ученици кои оваа учебна година, покрај во образовниот процес се истакнаа и во спортските активности во училишниот спорт и надвор од училиштето, во битолските спортски клубови каде активно тренираат и настапуваат.Настанот го започнавме минатата учебна година, а целта ни е да го промовираме спортот и здравиот начин на живот кај младите, нашите ученици. На презентацијата, за спортот  и мотивациони пораки читаа учениците од VIII одделение. Целиот настан го координираа членови на тимот за надарени  и талентирани ученици  Јасмина Стојановска, психологот Жанета Ристевска и  наставникот по физичко и здравствено образование Џими Геровски кој ги предложи учениците таленти, ни објасни директорот Душко Костовски кој се залага за промоција на спортот и здрав начин на живот.-Им благодариме на спонзорите кои го наградија нашите спортисти и им дадоа мотивација за понатамошни успеси “Hardcore shop“ и “Runners“. Се надеваме настанот да ни стане традиција и да продолжи и следната со  повеќе спонзори, додаде Костовски.Беа наградени 28 ученици од  VI одделение беа најмладите и најавено како нашите надежи тоа беа учениците: Христијан Дракуловски, Матеј Мицевски, Наум Марковски и  Благојче Димитровски.Наградени од VII одделение: Ева Трпеновска, Евгениа Дамева, Костадин Николовски, Томче Пецаковски, Александар Мицевски, Љубен Неделковски. Наградени од VIII: Ангела Јовановска, Бојана Тодорова, Георгина Димитровска, Стефан Милошевски, Михаил Петковски, Марко Белевски, Михаил Ѓоревски.Учениците од IX одделенија кои се успешни спортисти и играат за екипи како: младинските школи на ФК Пелистер, Топ гол, Пелистер волеј, Младост, КЛ -7 и други. Тука се учениците: Анастасија Дракуловска,  Андреа Стојановска, Георгина Станковска, Ева Пајаковска, Ема Ташковска, Јована Балуловска, Јорго Милошевски, Иван Пасков, Тоше Беделовски, Стефан Ристевски, Христо Динев, Леонардо Џунковски.Презентација за спорт и развивање на мотивација со мотивациони пораки подготвија ученици  со психологот Жанета Ристевска. Тоа  беа  новинарите за спорт Бојана Тодорова, Аница Нелоска, Анастасија Дракуловска, Георгина Димитровска и Мартин Кочишки од VIII одд. Презентери на настанот беа Дамијана Ристевска и Љубен Неделковски од VII одд., а техничка подршка и музика Христо Динев IX одд. Фотографиите ги направи ученикот Христијан Кочовски.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *