Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Сојузот на спортови: утре по 55 пат-спортист на Битола

По повод јубилејниот избор на спортист на Битола, 55 по ред, прес-конференција одржаа претседателот и потпретседателот на Сојузот на спортови на Битола, Димче Миновски и Ѓуро Илиќ.

-Ова е 55 по ред јубилеен избор на спортист на Битола, а Сојузот на спортови овој избор го има востановени од далечната 1965 година, една година по формирање на Сојузот. Мене како долгогодишен спортски работник, ме радува дека голем број на наградени, на кои ќе им доделиме награди и признанија се дел од оваа спорска битолска организација веќе неколку децении. Ако изминатите години избиравме спортист од поеднинечните спортови, оваа година имаме и спортисти од колективните спортови. Ме радува тоа што има и голем број на пријавени младинци, кои се надеж на битолскиот спорт, рече претседаелот на Сојузот на спортови, Димче Миновски, кој нагласи дека иако Сојузот сега го нема она значење во битолскиот спорт кое го имаше пред години, се труди да најде начин тоа да се врати и Сојузот согласно законските прописи, да биде спона помеѓу спортските клубови и спортистите со локалната и централната власт.Ѓуро Илиќ, потпретседател на Сојузот на спортови за утрешниот избор рече:

-Ова е голем јубилеј за Сојузот на спортови, 55 по ред избор на битолски спортисти и екипи. Утре ќе доделиме награди за поединци и екипи во сениорска конкуреција, младинци и младински екипи, награди за ветерани во битолскиот спорт, награди од Сојузот на училишен спорт и Сојузот за инвалидизирани лица, посебни признанија и награди од Ноќната трка. Имавме околу 150 пријави за спортисти и клубови, кои прво Комисијата за доделување на награди, а потоа и Управниот одбор на Сојузот на спортови ги одредија.Оваа година на седницата на Управниот одбор беа примени и шест битолски клубови кои се формираа во 2018 година.

Изборот на спортист ќе се изврши утре во 19 часот во ресторанот “Бела куќа“.

More from СпортMore posts in Спорт »