Press "Enter" to skip to content

Фото вест: логорување на Пелистер, над Диово

Битолските планинари по затоплувањето на времето наоѓаат начини како повеќе време да остануваат на планина, на свеж и здрав воздух. Таков е примерот на членовите на ПСК “Копанки“ кои деновиве имаа логорување над селото Диово.-Поминавме одличен ден, а тоа ни го дозволи времето. Ја тестиравме новата опрема за логорување, а денот го искористивме и за подолг престој на планина. Секако не беше на “одмет“ да се прочита и некоја книга, бидејќи испитните сесии се тука, велат од ПСК “Копанки“.

More from БитолаMore posts in Битола »