Соработката на Сојузот на спортови на Битола и Сојузот на училишен спорт трае од поодамна и продолжува понатаму.
Професорите по физичко воспитување Деан Илиевски од ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ и Кире Грбевски од Горната Гимназија добија посебни признанија на предлог на Сојузот за училишен спорт од Битола.
Како најдобри екипни победници на ноќната трка која ја организира Сојузот на спортови на Битола беа наградени Горната Гимназија и ОУ “Ѓорги Сугарев“.