Press "Enter" to skip to content

Гала концерт на Ротари клубот – Битола по натпреварот за млади соло пејачи (фотогалерија)

Во полната сала на Народниот театар во Битола вечерва се одржа гала концерт во организација на Ротари клубот Битола, по одржаниот натпревар за млади соло пејачи, кој се одржа денес во Музичкото училиште во Битола.На концертот настапија Иванка Нинова, мецосопран од Р. Бугарија, Елвира Хасанагич, сопран од Р. Словенија /Германија, Маја Митровска – сопран, Александар Гацовски – тенор и Марина Коруновска – мецосопран, која беше уште во улога на домаќин на концертот.На крајор од концертот Коруновска и Митровска настапија во придружба на хорот “Триглав“ од Битола.Покрај нив настапија и дел од учесниците на денешниот натпревар кои освоија награди од Битола на денешниот натпревар, но поради обврски не се појавија наградените од другите градови.Ова беше исклучителна можност на една заедничка сцена да се слушнат еминентни и звучни имиња од класичната уметност, кои веќе го достигнале зенитот во својата музичка кариера.Ротари Клуб – Битола организира гала концерт за сите љубители на класичната музика на вистинско, што беше големо уживање за сите сетила.

More from КултураMore posts in Култура »