Press "Enter" to skip to content

На натпреварот за млади соло пејачи одлично се претставија битолчаните (фотогалерија)

Во средното музичко училише во Битола се организира организира голем натпревар за млади соло пејачи, по иницијатива на Ротари клубот – Битола со поддршка на Општина. Натпреварот за отворен го прогласи Драган Видановски, претседател на Ротари Клуб – Битола.-Ротари Клуб – Битола ја согледа  потребата на младите ученици и недостатокот на можности за нивно претставување пред јавноста, па се одлучи да го организира овој натпревар, пред се поаѓајќи од фактот дека класичната музика и операта помеѓу младината се повеќе го губат својот примат. Исто така и поради тоа што голем број на наши деца, на битолчани се занимаат со музика од рано детство и се вљубеници во музиката иако школувањето го продолжуваат во други бранши, рече Видановски.Во целодневната програма учествуаа 30 млади таленти од целата држава кои посетуваат настава по соло пеење во средните музички училишта. Кандидатите се напреваруваа во две категории и тоа I категорија ученици од 14 до 16 години и II категорија  од 17 до 19 години.Победник во првата категорија е Лабинот Абдурамани, второ пласирана е Теодора Пејиќ, а на трето место е Ангела Трајчевска од Битола од класата на проф. Марина Коруновска.Во втората категорија победник е Хелена Суша Моневиќ, второпласирана е Елеонора Џоџовска од Ботола од класата на проф. Маја Митровска, а третото место го делат Сања Димова и Михаела Пешка од Битола од класата на проф. Маја Митровска.Посебни признанија беа доделени за учесниците на натпреварот кои одлично исполнија разни арии, а сертификати добија професорите кои ги подготвуваа учесниците на натпреварот.Наградите на побениците и другите признанија им ги додели Менде Мицевски од Ротари клубот Битола.Иницијатор за овој настан и координатор на се што се случуваше во Музичкото училиште беше проф. Марина Коруновска, која рече:-Голема благодарност до гувернерот Janezx Lipec  и Ротари Дистрикт 1912 Словенија и Македонија, како и за поддршката што ја добивме од општина Битола. Убедена сум дека натпреварот за соло пеење успеа да воспоставиме високи критериуми на принцип на вистински вредности, а пак на градот Битола барем за еден ден да му ја вратиме старата конзулска традиција и магијата на класичната уметност. И професорите од другите градови од државата искажаа благодарност за организацијата и начинот на оценување на учесниците и посакаа така да биде и идната година.Натпреварувачите беа оценувани од жири комисија сочинета од реномирани и етаблирани изведувачи и солисти со Европско реноме.Претседател на жири-комисијата беше Иванка Нинова – Бугарија , а членови беа Бугарија, Елвира Хасанагич -Словенија /Германија, Алдо Кумар – Словенија и Марко Коловски – Македонија.

More from КултураMore posts in Култура »