Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите за литературниот конкурс “Љубов со големи дела – БАБА”

Вчера во библиотеката беа доделени наградите за традиционален литературен конкурс за краток расказ, кој го распиша по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената, Организација на жени на Општина Битола. 
Тема на конкурсот кој се распипува по 6. пат беше “Љубов со големи дела – БАБА”, а први места освоија  Ели Маказлиева и Маихаела Марковска.
 
Наградите беа доделени во две категории, возрасни и ученици, а посебна радост на настанот му донесоа децата од големата група од градинката Мајски цвет при ЈОУДГ „Мајски цвет“, со нивната учителка Татјана Грегова.
Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска присуствуваше како гостин на доделувањето на наградите и на сите присутни им го честиташе 8 март, а на Организација на жени им посака уште убави, креативни и инвентивни настани во нивна организација.
More from БитолаMore posts in Битола »