Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со убедлива победа во првата средба од 1/4 финалето од купот

Универзитет Тетово – Пелистер Волеј (1:3)

(23:25. 21:25, 25:13, 10:25)

Одбојкарките на Пелистер Волеј во рамките на четврт финалето од купот првиот натпревар во играа во Тетово, против екипата на Универзитет Тетово, која лани беше во финалето.

За оваа победа, во првата средба тренерот, Роберт Митковски вели:-Не започнавме убедливо во првиот сет и игравме поен за поен, а пресвртот дојде во самиот финиш. Потоа во вториот сет беше подобро, имавме доминација на теренот, и на крај беше 25:21. Одбојкарките имаа пад на играта во третиот сет, во кој имаше опуштање по водството од 2:0, но во четвртиот сет покажавме дека квалитетот и предноста се на наша страна.

Оваа победа значи дека екипата на Пелистер Волеј веќе се гледа во полуфиналето од купот, но тоа треба да се потврди на реваншот во среда во Битола. 

Пласманот во полифиналето ќе биде прво учество на Пелистер Волеј во завршницата од Купот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.