Press "Enter" to skip to content

Поштарот Цане десетина години изненадува и усреќува битолчанки за 8. Март (фото)

Цане Димовски, вработен во битолската пошта, битолчани го познаат како Цане поштаро, а тој е и поштарот кој во поштенска униформа знае да ги изненади и усреќи битолчани.Цане најповеќе има работа на денот на 8. март која битолчани сакаат да ги изненадат своите сопруги, мајки, љубени, сестри, колешки…, а така беше и денес.-Денес облечен во поштенска униформа, разнесов околу 25 пратки со цвеќе и други порадоци за наши сограѓански на разни локации. Сите беа изненадени и не очекуваа дека на ваков начин некој ќе им го честита празникот на жената, но кога се појавив, кога ја видоа униформата и подарокот сите беа пресреќни, вели Цане, кој денес беше најпосакуваниот гостин во домовите, дуќаните, установите…

Инаку, поштарот Цане, веќе десетина години ги усреќува битолчанки за овој ден.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.