Press "Enter" to skip to content

Браќата Љамчевски со по еден гол му донесоа три бода на Пелистер и трето место (фотогалерија)

Пелистер – Влазерими 2:1 (1:0)“Пелистерци“ победнички ја започнаа пролетната полусезона, победувајќи ја екипата на Влаземири со 2:1, полувреме 1:0, а со три гола дојдоа до третото место со 21 бод и ја продолжија позитивната серија од завршницата на есенскиот дел од второлигашкиот шампионат. По еден гол во секое повуреме постигнаа браќата Петар и Благоја Љамчевски ги постигнаа головите за битолчани кои донесоа победа под Тумбекафе, над директниот конкурент за врвот на табелата, екипата на кичевски Влазерими.Битолчани започнаа со иницијатива, а првиот гол го постигнаа во 18 минута кога Благоја центрираше, а неговиот помлад брат Петар со глава ја заковна топката во мрежата.Победникот го реши Благоја Љамчевски со гол во 82 минута со прекрасен удар пласираше во голот на гостите за 2:0. Во 90 минута  Реџепи го ублажи поразот на 2:1. 

More from СпортMore posts in Спорт »