Press "Enter" to skip to content

Дневно во Стрежевското езеро може да се лови само 3 килограми риба, но има и отстапки за “капиталци“

Јавното претријатие “Стрежево“  ги извести риболовците кои ќе рибарат и рекреираат во рекреативната зона “Акумулација Стрежево“ за количните на риби кои можат да ги уловат во еден ден, за кои видови е неограничен риболовот, за кои има трајна забрана и како можат за се ловат капиталците.

Максималната дозволена количина на дневен улов на риба изнесува вкупно до 3 килограми. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец на ден, не се дозволува да биде поголема од 3 килограми, а воедно, не смеат да бидат надминати и максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.

Притоа, во вкупната количина до 3 килограми влегуваат и сите останати видови на риби кои достигнуваат помали должини (белвица, кркушка и други).

По исклучок, дневно, со маса поголема од 3 килограми дозволен e улов само на 2 (два) примероци на крап и 1 (еден) на сом.

За видовите “сребрен карас”, “виножитна пастрмка” и “сончаница” нема никакво ограничување и истите можат да се ловат, во сите должини и во неограничени количини.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.