Press "Enter" to skip to content

“Марш за животот“ од местото каде живееја Евреите до Железничка од каде беа депортирани (фотогалерија)

-“Маршот на животот “ е дел од настаните кои се организирани деновиве, по повод 76 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, на 11 март 1943 година, кој се одвиваше од  Еврејското маало, кај Уредот, се до железничката станица, од каде 3011 евреи беа депортирани во логорот на смрта “Треблинка“.

-Ако не беа тие немили настани, ќе имавме комшии, пријатели, возрасни и искусни луѓе, а нивните внуци ќе играа со нашите деца, рече градоначалничката Петровска.Голем број битолчани, гости од Израел, високи гости од државата и странство, амбасадори и конзули, владини министри, претставници на јавниот живот од градот и ученици ја одбележаа годишнина од депортацијата на битолските Евреи.На гостите пред Домот за народно здравје кој го носи името на доктор Абраванел, преживеан Евреин од Битола, се обратија градоначалничката-Наташа Петровска, македонскиот министер задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, израелскиот министер за Ерусалим и за животна средина Зеф Елкин и други. Домаќин на неколку дневните манифестации во Битола посветени на 76-годишнината од депортацијата на Евреите од овој град, беше локалната самоуправа, а градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, во своето обраќање нагласи:-Се сеќаваме на историскиот настан за да не се повтори, а нашите емоции за тој период обврзуваат да се мотивираме и да направиме нешто повеќе заедно со нашите пријатели од Израел. Сега тука, ако не беа тие немили настани, ќе имавме комшии, пријатели, возрасни и искусни луѓе, а нивните вници ќе играа со нашите деца. Во маршот од еврејското маало, по Широк Сокак, до Железничката станица во Битола учествуваше и македонскиот министер задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.Секоја година, и оваа, се потсетуваме на тешките денови и моменти од пред 76 години. Тоа зло никогаш да не се повтори. Македонски и албански семејства во тоа време помагаа колку што можеа да спасат граѓани од еврејската заедница и тие треба да се паметат за секогаш, рече Адеми на обраќањето кај споменикот за Евреите кај Уредот.Во својот говор, израелскиот министер за Ерусалим и за животна средина Зеф Елкин, истакна дека е радосен што битолчани ја чуваат меморијата за Евреите и јавно се заблагодари за грижливо чување на културно историското минато и објекти на Евреите во овој град и рече:Битола долги години беше топол дом на многу Евреи. Но, најладниот и најстрашниот ден во нивниот живот беше на 11 март 1943 година. На тој ден небото беше црно и ја навестуваше темнината… Голема беше неизвесноста на Евреите од Битола и од Македонија. Тешка беше судбината на Евреите во цела Европа, но за жал најтешкото се случи токму тука во Македонија. Горди што се дел од возобновувањето на Еврејските гробишта во Битола, бидејќи тие за нас се значаен споменик.На крајот од маршот, со многу емоции гостите од Израл и битолчани со нив, положија црвени каранфили во знак на сеќавање на битолските евреи, а тоа го направија и сите високи гости.Програмските активности завршуваат вечер со светлосен настан „Патоказ кон помирувањето“ кој ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ и е во спомен на Еврејската заедница.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.