Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите поразени во Куманово

Куманово – Пелистер   87:75 (29:19, 21:9, 14:27, 23:20)

Спортска сала во Куманово, гледачи: 100

Судии: Терзиовски, Панов и Михајловски

Куманово: Мекиќ 19, Тодоровиќ 8, Миса 2, Тодоровски 6, Ковач 29, Пенов 19, Бешлиовски, Петковски 2, Стојановски 2, Георгиевски.

Пелистер: Арсовски 2, Давков 8, Голубовиќ 17, Харис 9, Билер 23, Захариевски, Илиевски 2, Трајковски, Трсунов, Обедниковски, Горгиевски, Богдановски 14.

Во рамките на 17. коло на кошаркарската Суперлига, кошаркарите на Пелистер, на гостувањето во Куманово се поразени од истоимената екипа со  87:75.

Почетокот на натпреварот им припадна на домаќините, кои веднаш се одлепија на +6 (12:6), а по првите десет минути имаа позитива од високи +10 (29:19) Во продолжението, во втората четвртина Куманово одигра цврсто во одбраната и на одмор позитивата на кумановчани изнесуваше високи +22 (50:28).

Вториот дел „зелено-белите“ го започнаа фуриозно, константно ја топеа домашната предност и по поените на Билер, во 27. минута стигнаа до -7 (56:49). Куманово гостинската серија ја прекина со тројката на Ковач за нова двоцифрена предност (59:49). Таа до крајот беше рутински чувана за конечна победа од 87-75. 

Најефикасен битолчани беше Габриел Билер со 23 поени.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.