Press "Enter" to skip to content

Наместо со двајца судии на младите одбојкарки им судеше еден судија

Бами Кор – Пелистер Волеј 3:2 (21:25, 25:23, 25:13, 16:25, 15:13)

Одбојкарките на Пелистер Волеј се поразени од екипата на Бами Кор, во натпревар кој се одигра во нерегуларни услови, а наместо со двајца судии, според правилата, судеше само еден судија.

-Ова не прв пат кога играме со оваа екипа да ни суди само еден судија, а благодарение на него, првиот 1/4 финален дуел од младинската лига, доживеа невиден расплет. Единствениот судија, Далибор Спасовски, го уништи натпреварот во целост, за што доставивме жалба одбојкарската федерација на Македонија, велат од Пелистер Волеј.

-За бурната и оправдана реакција тренерот на Пелистер Волеј, беше санкциониран со жолт картон, а потоа и со црвен. Целата клупа на екипата на Бами Кор, првиот тренер, вториот тренер, физиотерапевтот, докторот, претседателот, влегоа во терен и вршеа притисок врз таканаречениот единствен судија и не беа санкционирани со ништо се вели во реакцијата на Пелистер Волеј, за што се случуваше на гостувањето имаат и фото-материјал кој е доставен заедно со жалбата.

Инаку, во Битола, ќе се игра реваншот од 1/4 финалето, а битолчански сами, со победа ќе ја исправат судиската неправда.

More from СпортMore posts in Спорт »