Press "Enter" to skip to content

Нова победа на кошаркарките на Пелистер

Пелистер – Гостивар 73:45 (17:14, 15:15, 22:8, 19:8)

Кошаркарките на Пелистер дојдоа до нова победа, овојпат против екипата на Гостивар. Гостите од Готивар не дојдоа да се предадат во Битола, пред почетокот на натпреварот, туку напротив одиграа добри две четвртини, кои беа неизвесни и по резултатот. На полувреме, на одмор, се отиде со предност на “пелистерки“ од 3 поени, 32:29.

Во третата и четвртата четвртина, работите си дојдоа на свое места, а екипата на Пелистер предводена од најдобрата кошаркарка Теодора Кузмановска, направи разлика од 17 поени. По третата четвртина, кога се виде дека бодовите остануваат во Битола, тренерот, Горјан Стојановски, во игра ги стави младите надежи, кои добро се снајдоа и не само што го одржуваа водството, туку и ја зголемија разликата.

Со оваа победа екипата на Пелистер е на четвртата позиција на табелата, а наредното коло “пелистерки“ гостуваат во Македонска Каменица.

За екипата на Пелистер настапија: Ана Стојановска, Ивана Кулевска, Христина Ставревака 7, Ангела Трајчевска 2, Теодора Кузмановска 37, Михаела Ставревска, Ана Талевска 5, Кристина Ивановска 9, Александра Караицовска 9. 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.