Press "Enter" to skip to content

СКОПСКО одбележува 95 години на македонскиот пазар на пиво

Пивара Скопје лансираше нова комуникациска платформа со која започнува одбележувањето на 95- годишнината на носечкиот бренд во своето пивско портфолио. Со неа, СКОПСКО потсетува на својата автентична вредност која ја поседува уште од 1924 година – да биде еден вид специјална нитка која ги поврзува луѓето.

„СКОПСКО поседува особина да им помага на луѓето полесно да ги надминат разликите, да го пронајдат она што ги спојува и да креираат заеднички моменти на среќа и радост. Сметавме дека 95-годишнината е одлична можност одново да го истакнеме ваквиот уникатен карактер на СКОПСКО и неговата моќ да го поттикне заеднитвото и да ги потсети луѓето на најдоброто што го нуди животот“, објаснува Надица Николоска, бренд-менаџерка во Пивара Скопје.

Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео спотот кој на емотивен начин ја пренесува пораката за СКОПСКО како социјално врзивно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео спотот го илустрира СКОПСКО како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот. Спотот се снимаше на локации во Скопје и Битола и е во домашна продукција.

„Да се создаде и развие идентитет на производ како СКОПСКО и тој да израсне до ниво на бренд-икона неопходни се обемни и континуирани вложувања во најсовремена технологија, како и големо знаење, вештини, креативност и многу љубов на генерации луѓе во Пивара Скопје кои со децении посветено работат да го одржат високиот и постојан квалитет, уникатен вкус, изглед и свежина на СКОПСКО. Истовремено, одржувањето на лидерската позиција, покрај почитување на трацицијата, се темели и на постојани иновации во согласност со глобалните трендови и вкусовите на потрошувачите. На овој начин СКОПСКО успева да ја одржи високата доверба што ја има кај потрошувачите и во заедницата“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

СКОПСКО е без сомнение еден од најсилните македонски брендови. Преку континуираните вложувања и новините што ги воведе на пазарот во изминатите 95 години, СКОПСКО значајно придонесе за развојот на пивската култура и на домашната пивска индустрија во целина. Во изминатите неколку години, предводничката улога на СКОПСКО на домашниот пазар беше потврдена со појавувањето на неколку бренд-екстензии, како што се: СКОПСКО Радлер, СКОПКО Цреша, СКОПСКО Темно, СKОПСКО Smooth и СКОПСКО Нефилтрирано. Дополнително, за високата репутација што ја има СКОПСКО придонесува и поддршката што брендот со децении ја обезбедува за развојот на спотот, културата, уметноста и останатите значајни општествени сегменти.

Видео спотот за СКОПСКО 95 години е достапен на следниот линк: https://youtu.be/J4H4XE1nn6Q

More from ВестиMore posts in Вести »