Press "Enter" to skip to content

Ученици од четири основни училишта засадуваа садници во рамките на “Envirate week“ (фото)

Четири битолски основни училишта ја јакнат свеста за заштита на животната средина, преку одбележување на Envirate Week, во соработка со Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“.

Денес во дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Битола,  децата од училиштето засадуваа садници од видовите “еvonimus japonica“, “тyja brabant“  и “јuniperus ritinospora“, а директорката на училиштето, Гордана Анастасова истакна дека посебна радост за децата е тоа што тие се запознале со видот на засадените садници и дознале нешто повеќе за нив и за нивното одржување, од страна на директорот на ЈКП “Комуналец“, Панде Богоевски.Изминатите денови, истата акција се спроведуваше и во основните училишта „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ и „Коле Канински“. Засадувањето садници, грижата за нивното одржување, како и севкупно за животната средина, мора да се изучува од мали нозе, а дополнително преку вакви акции, да се применува во воспитно-образовниот процес, е заклучокот на раководните лица на училиштата кои учествуваат во оваа глобална кампања.

Акцијата се спроведуваше од 6 март до 13 март, со што училиштата стануваат дел од глобална мрежа на училишта и веб-заедница за одржлив развој “Environment online“. Оваа глобална мрежа е формирана во Финска, а во неа учествуваат над 10.000 училишта од 150 држави во светот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.