Press "Enter" to skip to content

Еко-презентација “Чекор по чекор до успех“ за учениците од “Св. Кирил и Методиј“ (фотогалерија)

Директорот на ЈП “Комуналец“, Панде Богоевски, одржа презентација за подигање на еколошката свест кај учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“.ЈП “Комуналец“ ја продолжува соработката со основните училшта со презентации за ученици и наставници, а денес презентација со мото “Чекор по чекор до успех“ за развивање на еколошката свест беше презентирана пред ученици во ОУ “Св. Кирил и Методиј“. Презентацијата, која ја одржа директорот на ЈП “Комуналец“, Панде Богоевски, учениците кои присуствуваа слушнаа пораки за чување на животната околина и при тоа можеа да поставуваат прашања.-Овој е еден од начините со кои ја продолжуваме  меѓусебната соработка, ние како јавно претпријатие и основните училишта, рече директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски,  кој истакна дека училиштето на интересен начин промовира развивање на еколошката свест.-Сакаме преку овој начин на соработка со училиштата да најдеме начин за помасовно пенесување на еко-пораките, пасовно учество во еко-акциите, а на тој начин да допреме до поголем број битолчани да ја чуваме хигиената во градот и околината. На денешната презентација го посакаа и учениците од “Св. Кирил и Методиј“, а ветија и дека активно ќе учествуваат во наредните акции, додаде Богоевски.Директорот Душко Костовски  истакна дека училиштето со своите  многубројни еко активности носител е на “Зеленото знаме“ кое е во трајна сопственост на училиштето. Тој ја спомена и награда за најчисто училиште, повеќегишното учество и освоени награди  на „ЕКО пакет“ на државно ниво што  зборува за успешно вклучување на екологијата во воспитно образовниот процес.Инаку, низ  разновидни активности во училиштето со надарени ученици се посветува големо внимание на екологијата. Учениците изработуваат, дизајнираат модели од материјали кои ја загадуваат околината и отпадот и можат да рециклира во уметнички дела, а секако и во модата, како што беше и модната ревија “Trash fashion“, се пофалија од училиштето. Моделите од оваа модна ревија се изложени, под мото “Биди шик и cool… Не фрлај, креирај  и рециклирај“ во еко-куќичката. Исто така во училиштетото се организирани и други активности за значајни датуми од екологија како “Денот на планетата земја“, “Ден на водата“…  -Со денешната презентација ние им пренесивме порака дека можа да се вклучат и да учествуваат и со многу други проекти за кои ЈП “Комуналец“ им стои на располагање на ученици и нивни ментори, рече на крајот на презентацијата, директорот на ЈП “Комуналец“, Панде Богоевски.

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.