Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј се пласира во полуфиналето од Купот (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0 (25:09, 25:14, 25:19)Со победата во реваншот со максимални три сета против екипата на Универзитет Тетово, екипата на Пелистер Волеј за прв пат се пласира во полуфиналето од македонскиот одбојкарски куп, во натпревар кој се одигра во салата на Медицинското училиште во Битола.-Висока и убедлива победа над екипата на Универзитет Тетово, како и што сме навикнати да гледаме во Битола, кога играме на свој терен. Девојките одиграа максимално посветено и ништо не оставија на случајност. Иако доволни беа само два сета по победата од минатата среда во Тетово од 3:1, сепак остварена е максимална победа од 3:0 и Пелистер Волеј за прв пат од своето постоење, во третиот обид по ред е во 1/2 финале, ни рече тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.Оваа средба ја следеа и редовните навивачи кои беа засилени со навивачи од Холандија кои ја бодреа нивната сонародничка кои настапива за зелено-белите.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.