Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0 (25:09, 25:14, 25:19)Со победата во реваншот со максимални три сета против екипата на Универзитет Тетово, екипата на Пелистер Волеј за прв пат се пласира во полуфиналето од македонскиот одбојкарски куп, во натпревар кој се одигра во салата на Медицинското училиште во Битола.-Висока и убедлива победа над екипата на Универзитет Тетово, како и што сме навикнати да гледаме во Битола, кога играме на свој терен. Девојките одиграа максимално посветено и ништо не оставија на случајност. Иако доволни беа само два сета по победата од минатата среда во Тетово од 3:1, сепак остварена е максимална победа од 3:0 и Пелистер Волеј за прв пат од своето постоење, во третиот обид по ред е во 1/2 финале, ни рече тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.Оваа средба ја следеа и редовните навивачи кои беа засилени со навивачи од Холандија кои ја бодреа нивната сонародничка кои настапива за зелено-белите.
Пелистер Волеј се пласира во полуфиналето од Купот (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Топ гол од Битола се пласира во полуфинале од Купот на Македонија за жени
- Кочоски од Silent Hunters од Битола со нов мотоцикл до победа и второ место на стартот од сезоната во БМУ!
- Во Битола одигран првиот натпревар меѓу двете збратимени екипи Пелистер Волеј и Пегазос од Кожани
- Пелистер е во полуфинале на кошаркаркиот плеј-оф, победен Еуро Никел со 3:0, за финале против Работнички
- Нова победа на домашен терен во Битола на сениорската женска екипа на Топ гол