Press "Enter" to skip to content

30. седницата на Совет, започна со советнички прашања до градоначалничката

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес ја закажа 30. седница, која започна со советнички прашања кои советниците ги поставуваа до градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која беше присутна на седницата.Седницата продолжи со следниот дневен ред:     

-Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за четвртиот квартал од 2018 година.

-Предлог-Завршна сметка на Општината Битола за 2018 година.

-Годишен извештај на Општината Битола за 2018 година.-Одлука за примање донација-зимзелени садници на Општина Битола дадена од страна на Интерворкс ДООЕЛ Битола.

-Одлука за давање овластување на ЈП „Комуналец“ Битола да склучува договори за терминско користење на спортски терени и да врши наплата од нив во свое име и за своја сметка.

Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општина Битола.

-Одлука за формирање на тело за одлучување за распределба и трошење на финансиски средства кои се предвидени во Буџетот за 2019 година за преземање на мерки за заштита на животна средина и подобрување на амбиенталниот воздух на подрачјето на Општина Битола.

-Одлука за утврдување и обележување места за истакнување изборни плакати за избор на претседател на Република Северна Македонија.

-Одлука за начинот на користење на просториите во домовите на урбаните и месните заедници, за организирање предизборни собири од страна на организаторот на изборната кампања од подрачјето на Општината Битола.

-Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр. 16023/3).

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.