Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“: ICSI метода и оксидативен стрес тест за мажи

ICSI метода

ICSI методата се препорачува кога постигнувањето на бременоста може да биде тешко и тоа кај парови кај кои факторот за неплодност е спермата. Факторите за машка неплодност може да вклучуваат било која од следните проблеми: ниска спермална концентрација, слаба подвижност, лоша морфологија на сперматозоидите или сперматозоиди кои не се способни да ја пробијат јајната клетка. Ова оплодување се врши под строго контролирани услови. Постапката се извршува под инвертен микроскоп. Прво се изолира сперматозоид од страна на ембриологот и потоа сперматозоидот се аплицира (механички со пробивање на оолемата) во јајната клетка.Оваа метода е исклучително тешка и бара голема посветеност и стручност на ембриологот. Во нашата лабораторија имаме најголем процент на преживување на јајните клетки после ICSI, а и најголем процент на фертилизација после ICSI на Балканот. Нашите ембриолози константно се надградуваат и посетуваат стручни обуки се со цел да се усоврши оваа постапка, како и условите под кои се извршува.

ОКСИДАТИВЕН СТРЕС ТЕСТ ЗА МАЖИ

Единствено во Македонија и пошироко во регионот, андролошкиот кабинет при ИВФ центарот за асистирана хумана репродуцкија во Болница Плодност, применува најсовремена анализа за одредување на нивото на оксидативен стрес во семената течност кај мажот, која се применува во светските ИВФ центри. Важноста на овој тест се однесува на паровите со нормален спремограм и нормален наод кај жената, или т.н. идиопатски стерилитет или неплодност од непознати причини. Особено мажите со нормален спермограм треба да го прават овој тест бидејќи пореметувањето на оксдацијата на сперматозоидите кое не може да се докаже со нормално испитување на спермограмот, може да предизвика неплодност или спонтани абортуси кај жената. Затоа го препорачуваме овој тест особено кај мажите кои што имаат нормален спермограм, бидејќи со одредена терапија може да дојде до природно оплодување, а при тоа да се избегне ин витро оплодување.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.