Press "Enter" to skip to content

Игра, забава, креативност, оригинални роденденски забави во игротеката “FUN Factory“ (фотогалерија)

Игротека “FUN Factory“ пријатно катче за вашите деца каде може да поминат неколку часа во современо  опремен простор. Игротеката е  сместено во стаклента зграда во центарот на градот. Поразговаравме со сопственичката, Оливера Чорбевска, околу тоа што им нуди на родителите и децата оваа игротека.Кажете ни од кога работи “FUN Factory“.

-Игротеката работи веќе една и пол година со определени 4 сати кои се предвидени за игротеки. Таа е современо опремена и прилагодена за  деца на возраст од 3 години се до училишна возраст  до околу 9-10 години колку што е и горната граница на деца кои доаѓаат тука.Што им нуди “FUN Factory“?

-Игротеката нуди различни можност за пријатен престој од тие неколку часа за различни возрасти. Дечињата од најмала возраст можат да се забавуваат, играат и креативно изразуваат во овој пријатен, безбеден простор  низ најразлични игри под надзор на воспитувач кој е тука со нив.  Деца од училишна возраст  можат тука да бидат згрижени и да пишуваат и учат за на учлиште. Се разбира под надзор на воспитувач. Родителот може да биде сигурен дека неговото дете ќе ги заврши домашните задачи кои ги има за во училиште и да замине спремнно за на училиште.Кажете ни кои услови други ги нудите во “FUN Factory“.

-По договор со родителот детео може за тие неколку сати да добие  топол оброк по желба од менито на ресторанот “Белведере“ се разбира тука спаѓа и понуда за здрава храна која е многу значајна за децата. Ние им нудиме неколку понуди во кои има супа, овошје, природен сок  за да се избегне јадењето на грицки. Оваа понуда за здарв оброк им е многу интересна но се разбира ние секогаш им излегуваме во пресрет на родителите.Родендените се посебно доживување за секое дете, но и за родителот. Секој сака да го прослави на интересен и оригинален начин. Кажете ни околу тоа и изненадувања кои им ги подготвувате?

-Организацијата на родндени  е на највисоко ниво и сакаме се да биде под конец што се вели од забава, роденденски изненадувања па до вкусна храна. Знаеме дека тој ден е посебен и за родителот така и за детето. Тие се посебно воабудени и затоа  цел тим воспитувачки на “FUN Factory“ е тука,но да не ги изоставиме  и оние задолжени за подготовка на храната. Тоа се шефот на кујна и вработените  од ресторанот “Белведере кои им излегуваат во пресрет на сите желби околу храната и декорирањето. Тука се роденденските изненадувања по желба на рдоителот или наши како забавувачи, пињати, наградни игри… се со цел да биде роденденската забава оригинална.  Значи со еден збор сите сме тука  роденденот  за славениокот и неговите најмали гости да им  биде доживување.Може организацијата на роденденот да ја оставите во сигурните раце на тимот на вработените во “FUN Factory“, а исто така вашето дете може да помине неколку сати во пријатен престој каде ќе биде згрижено и  а вие можете да ги направите вашите обврски или мирно да пиете кафе во кафулето “Кафе кафе“ или пак во  пријатниот простор на игротеката “FUN Factory“ заедно со децата.

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.