Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Охрид, “Чкембарите“ осми играч (фотогалерија)

Пелистер – Охрид 30:25 (18:19)

Спортска сала: “Боро Чурлевски“ Гледачи: 2500. Судии: 

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Пелистер: Петров, Маџовски 3, Поповиќ 6, Гуглета 4, Димитровски 5, Табангует 1, Апостоловски, Јовановски, Станојевиќ 6, Лековиќ, Димитровски, Кобетиќ 6, Стоилевски 2, Плех, Дрогришки 2.

Седмерци 2/5, исклучувања 8 мин.

Охрид: Брауновиќ, Андоноски 12, Ивановски, Блажевски 4, Димитриески 3, Ивановски, Соколов 2, Андоноски, Трпчевски, Ристески, Симоноски, Димитријески 4, Петровиќ 2, Везенковски 3, Иваноски.

Седмерци 4/4, исклучувања 8 мин.Екипата на Пелистер ја победи Охрид во натпревар во кој гостите се покажаа како тврд противник, посебно во првото полувреме кога имаа силен мотив, а на одмор заминаа со гол предност 18:19. Но, во второто полувреме се си дојде на место, а Пелистер уште во првите минути во продолженито, бодрен од своите навивачи, кои ги водеа “Чкембарите“ стигнаа до последната победа од Супер лигата, пред стартот на плеј-офот.Мотивираните охриѓани и бодрени од “Рибарите“ кои дојдоа во Битола,  се одлепија на +2, а на средина на полувремето беше 10:10, во 25 минута 16:16. “Пелистерци“ имаа напад за водство во последната минута, но погрешија и Блажевски погоди со звукот на сирената за 18:19.На стартот на второто полувреме се одлучи победникот, по серијата на Пелистер од 4:1, а охриѓани до крајот не успеаја да се доближат.Најефикасни кај Пелистер Поповиќ, Станојевиќ и Кобетиќ со по шест погодоци, а кај Охрид убедливо најдобар поединец беше Андоноски со 12 постигнати голови.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.