Press "Enter" to skip to content

“Чкембари“ со повик вечерва навивачите да бидат на трибините на ракомет

Навивачката група “Чкембари“ преку социјалните мрежи ги повика своите членови и сите љубители на ракометот да дојдат во спортската сала “Боро Чурлевски“ и да навиваат за свој клуб Пелистер.

Собирањето ќе биде во ракометниот термин во 18,30 часот, влезот за “Чкембарите“ ќе биде на задната врата, а сите треба да имаат навивачки реквизити-шалови, стои во повикот за навивачите.

Пелистер вечерва игра против екипата на Охрид во последното коло од Супер лигата, а екипата на Пелистер има обезбедено пласман во плеј-офот.

Навивачи ќе има и на одбојкарскиот натпревар во 16 часот кога одбојкарките на Пелистер Волеј игра против Работнички.

More from СпортMore posts in Спорт »