Press "Enter" to skip to content

Екологијата – тема на првиот мал драмски фестивал (фотогалерија)

Прво место на драмскиот еко-фестивал освои ОУ “Св. Климент Охридски“ со претставата “Екоспомени за промени“, второ место за ОУ “Стив Наумов“ и трето место ОУ “Даме Груев“.Во Народниот театар – Битола вечерва се одржа првиот  мал драмски фестивал на кој учениците од сите основни училишта изведоа мали драми на тема екологија, а фестивалот беше во организација на ОУ “Св. Климент Охридски“, под раководство на  “Еко – тимот“со координаторот  Соња Петровска. Со интересни кратки драмски текстови децата  актери пренесоа силни пораки за екологија секој на свој оригинален начин. Стручното жири во состав Илина Чоревска, Петар Спировски и Никола Пројчевски   донесе одлука за победникот, а тоа беше изведбата на  учениците од  ОУ “Св. Климент Охридски“ – “Екоспомени за промени“. Второто место му припадна на ОУ “Стив Наумов“  со изведбата  “Екожелби“ и трето место ОУ “Даме Груев“ за изведбата на “Децата ја создаваат иднината“.На фестивалот беа изведени следните мини драми:

-“Екологија и еколошки пораки“- ОУ„Елпида Караманди“ ментор-Сузана Петковска

-„Децата ја создаваат иднината“- ОУ„Даме Груев“, ментор-Билјана Герас

-“Екологијада“- ОУ„Тодор Ангелевски“, ментор- Ана Јовановска-“Поубав свет“- ОУ„Св. Климент Охридски“, ментор-Оливера Илиевска

-“Роденденска екожелба“- ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор-Александра Упале

-“Екожелби“- ОУ„Ѓорѓи Сугарев“, ментор-Биљана Зацеска-Силјановска-“Екожелби“- ОУ„Стив Наумов“, ментор-Магдалена Сајкова

-“Екосостанок“- ОУ„Д-р Трифун Пановски“, ментор-Робертина Герасовска-Петровска

-“Мали женски приказни“- ОУ„Св.Климент Охридски“, ментор-Јулија Ивановска-“Еколошки проблем“- ОУ„Коле Канински, ментори-Наташа Лозановска и Весна Баковска

-“Екожелби“- ОУ„Елпида Караманди“, ментор-Маја Јанакиевска

-“Екоспомени за промени“- ОУ„Св.Климент Охридски“, ментор-Соња ПетровскаПрвиот  мал драмски фестивал беше помогнат од Општина Битола, ЈП “Комуналец“ и Народен театар од Битола.

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.