Press "Enter" to skip to content

Заедничка изложба на Марија Ќурчиевска и Магдалена Петровска (фото)

Во Центарот за Култура е отворена заедничката изложба на Марија Ќурчиевска и Магдалена Петровска од Гимназија “Јосип Броз Тито“, од цртежите на Магдалена “Лицата околу мене” и Марија со фотографиите “Европа низ фотографии’’.Идејата на двете девојки беше да направи нешто заедничко, самостојно, кое ќе го паметат до крајот на животот. Авторката на “Лицата околу мене“ ,Магдалена  била инспирирана од лицата кои секојдневно ја опкружуваат, а инспирација добивала и од луѓето кои беа и се дел од нејзиниот живот, додека Марија, авторката на “Европа низ фотографии’’ , со нејзините фотографии ни ја пренесе убавината на повеќе европски градови кои ги беше посетила.

-Со оваа изложба сакам да ги поттикнам младите уметници во нашиот град и пошироко , во светски рамки да истапат пред светот и да се покажат кои се. Со уметност се занимавам од најмала воздраст , пред  2-3 години одев на курс, но од тогаш до денес работам сама без ничија помош. Им оставам порака на младите битолчани зашто токму тоа и е потребно на Битола, повеќе вакви културни настани, ни рече Магдалена.-Едноставно фотографијата искажува 1000 зборови и секоја наредна, за мене претставува нешто посебно, претставува богатство. Сакам да ги поттикнам сите млади фотографи да не се срамат, туку напротив да се покажуваат себеси ,преку изложби, каква што направивме ние. Љубовта кон фотографијата ја наследив од мојот татко , кој истотака е фотограф. Од мала сум со фотоапаратот в рака, а мојот татко ме инспирира и ме поттикна да се занимава со фотографијата. Со Магдалена, другарството не спои, а  со тоа ни се споија и уметностите, вели изјави Марија.Другарката на Марија и Магдалена, Ангела Пандовска зборуваше на отворањето на заедничката изложба при што рече:

-Чест голема ми претставува, што двете авторки ми дозволија да бидам дел од нивната изложба ,која вкупно содржи 49 уникатни дела. Се надевам, во иднина, ќе постигнат уште поголеми успеси, па ќе станат дел од областа на најпознатите светски уметници и фотографи.

More from КултураMore posts in Култура »