Press "Enter" to skip to content

Д-р Кристина Пајаковска, болница “Плодност“: кога и како да се примени “дабл“ тестот

За следење на бременоста потребни се доста тестови кои мораат да се направат кај трудницата. Еден од таквите тестови кои се дел од испитувањето во бременоста е “дабл“ тестот. Тој помага во детектирањето на аномалиите на сеуште нероденото дете и со него се одредува ризикот од Down-ов синдром. Всушност тој ја детектира состојбата на фетусот пред раѓањето и најчесто се прави помеѓу 14 и 20 недела на бременоста.Овој тест ги дијагностицира хромозомските абнормалности кои што можат да се јават после концепција. Тоа не е крајно невообичаено, бидејќи тие можат да се јават на еден од 700 случаеви.

Зошто е значаен “дабл“ тестот?

Денес постојат повеке различни видови на тестови, а со помош на “дабл“ тест може да се дијагностицира присуство на Down-ов синдром кај Вашето бебе. Тој е многу важен кај жените кои се постари од 35 години. Веројатноста да се јави хромозомска абнормалност или Down-ов синдром е многу голема кај постари трудници. Сега овој тест се прави како рутински тест и се советуваат сите трудници да го направат, за да бидат сигурни дека се е во ред со нивното бебе.

Постојат повеке различни тестови кои во денешно време се прават во здравстевните установи. Некои се прават во 14-тата, а некои во 20-тата недела од бременоста. Овие тестови обично се комбинација на ултразвук и параметрите кои се добиени од крвта.

Сепак ова се само скрининг тестови и ја покажуваат веројатноста од ризикот, но пациентките сакаат да знаат дали нивното бебе кое го носат има Down-ов синдром или не. Сепак лекарите овие тестови ги сметаат за многу прецизни и советуваат да се направат. Прецизноста исто така многу зависи од ултразвучниот апарат и од искуството на лекарот. Шансите за правилно да се дијагностицира дали се е во ред со вашето бебе или не се многу големи, па зошто да не ги направите поради претпазливост.

Предности на “дабл“ тест

Ви дава време да размислите и да се консултирате со својот лекар околу некои попрецизни тестови во врска со дијагностицираниот Down –ов синдром.

Висок процент на точност

Доколку е дијагностициран позитивен тест и е потврдена дијагнозата на пример со амниоцентеза, бременоста може да се прекине. Доколку е направен тестот порано, компликациите поради прекинот на бременоста ќе биде помал, а може да се избере и прекин на бременоста со вакуум.