Press "Enter" to skip to content

“Светскиот ден на поезијата” одбележан во “Горната гимназија” (фото)

Со поетско читање на дела од македонски автори на тема ,,љубов” во гимназијата ,,Јосип Броз Тито” – Битола, на пригоден начин беше одбележан 21 Март – ,,Светскиот ден на поезијата”.На литературното читање се претставија учениците од II-6, кои својот час со класниот раководител Жанета Наумовска го одржаа во училишната библиотека.Песните од познатите, македонски автори на современа поезија ги читаа: Јована Чуруковска, Наталија Марчевска, Бесјона Јусуфи, Ангела Николовска, Костанца Споа и Сара Стојановска, а настанот го водеа Јована Станојовска и Анастасија Арсова, кои од своите соученици добија громогласен аплауз.За значењето на поезијата беше презентирана аудио снимка од Влада Урошевиќ, а за успешноста на овој поетски настан, на присутните им се обрати и училишниот библиотекар м-р Драган Ристевски, кој на сите учесници им подари книга за сеќавање на овој ден.Сара Стојановска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.