Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривични за посетување на оружје без дозвола и хероин

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.С. (34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.02.2018 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.Б. (30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.12.2017 во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при продажба на пиротехнички средства.
More from ВестиMore posts in Вести »