Press "Enter" to skip to content

Фото вест: битолчанецот Коста Ќука со подарок за градоначалничката

Битолчанецот Коста Ќука, на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и подари своја фотографија од зајдисонце на градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Со силна енергија на љубов, искажана преку топлите прегратки кон градоначалничката, 42 годишниот Коста уште еднаш посочи дека едниот хромозом повеќе, со кој тој живее, не е недостаток, туку може да биде дар и постојан стремеж да се искажува љубов и да се биде подобар од сите.

Градоначалничката Петровска, во срдечен разговор истакна дека Општина Битола и натаму ќе ги помага сите лица со одредена попреченост, со цел да се зголеми нивната инклузија во општественото живеење.

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува на 21 март, како симболика на трите копии на 21 хромозом, присутни во клетките на лицата носители на оваа состојба.

 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.